Вардар испадна во Втора лига

Фудбалскиот клуб Вардар испадна во Втората лига. Оваа вест е број еден во сите спортски медиуми кај нас, па и на Балканот. Вардар вчера доживеа минимален пораз во Струга и остана и без никакви шанси за опстанок. За фијаското се пишуваше и во медиумите во регионот.

„Црни облаци над Скопје“, е насловот на текстот на босанскиот поратал „Спорт.ба“. „Вардар го допре дното, лани беше шампион, а годинава испадна од лигата“, стои во насловот на српскиот поратл, „Спортске.нет“.

„Крах на југословенскиот гигант. Прочуениот тим испадна во втора лига, а неодамна играше во фазата по групи во Лига Европа“, пишува „Блиц“.

„Беше шампион на Југославија, со Динамо играше во Европа. Сега оди во Втората лига“, е насловот во хрватскиот поратл „24 сата“.

Што се случува со најтрофејниот клуб и што недостигаше за спас на сезоната е нешто за што допрва ќе се бараат одговори, велат фудбалските експерти.

На пат кон Скопје „црвено-црните“ мораа со својот автобус да минат покрај Тетово, а таму навивачите на Шкендија ги пречекаа со транспарент. „Балистите“ со паролата „Втора лига“ ги поздравија фудбалерите на Вардар.

Стружани, пак, по 32. коло, се израдуваа на победата и на третото место на таблетата, кое води во Европа.

Табела:

1. Шкендија 74

2. Шкупи 58

3. Струга ТЛ 54

4. Македонија ЃП 52

5. Работнички 47

6. Пелистер 42

7. Борец 40

8. Академија Пандев 38

9. Силекс 36

10. Ренова 35

11. Вардар 31

17. Беласица 17

 

 

 

Scroll to Top