Белгиски планинар загина претходната недела по пад на Доломитите пешачејќи по планинскиот венец во северна Италија. 42-годишникот паднал од виа фератата Липела, во близина на одморалиштето Кортина д’Ампецо. Падoт од 50 метри бил фатален за него.
Планинари од Македонија кои се качувале на карпите биле сведоци и го повикале бројот 112 по што пристигнале спасувачи. На местото на настанот брзо пристигнал хеликоптер, но итната помош можела само да ја констатира смртта.
Идентитетот на Белгиецот е засега непознат. Тој бил во придружба на неговата девојка, 28-годишна Словенка.
Двајцата планинари, иако опремени, се качувале одврзани кога тој се лизнал, паѓајќи околу педесетина метри меѓу карпите.