(Видео) „Бисер балкански“ среде Сицилија

Неколку часа пред натпреварот Македонија – Италија, на улиците во Палермо се слушаат македонски песни. Македонските навивачи направија одлична атмосфера во кафулињата во градот, а во едно од нив се слушаше „Бисер балкански“, пренесе „Топ спорт“.

Натпреварот на Македонија против европскиот првак Италија се игра вечерва во 20.45 часот. Победникот на овој меч ќе игра против победникот од натпреварот Португалија – Турција за пласман на Светското првенство во Катар.

[/video]
Scroll to Top