(Видео) Дејан Кулушевски му асистираше на Кристијано Роналдо

Новото шведско засилување на Јувентус, Дејан Кулушевски, во 20 минута му асистираше на Кристијано Роналдо во пријателскиот натпревар против Новара. Италијанскиот шампион оствари висока победа од 5:0.

Роналдо упати само пофални зборови за 20-годишниот Кулушевски, кој играше и за македонските младински репрезентации. Португалецот верува дека заедно ќе постигнат многу голови.

Покрај Роналдо, за „старата дама“ погодија и Марко Пјаца, Мерих Демирал, а два гола во судиското продолжение даде и Маноло Портанова.

Кулушевски летово беше во посета на Охрид. Тој сподели неколку фотографии на социjалните мрежи, заедно со својот соиграч Жоел Асоро како пловат со глисер на Охридското Езеро.

(Фото) Новата ѕвезда на Јувентус, Дејан Кулушевски, се релаксира во Охрид

Scroll to Top