(Видео) Елмас ја надигра Барсeлона, но недоволно за победа на Наполи

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас одигра одличен натпревар во Лига Шампиони против Барселона. Напаѓачот на Камп Ноу со убава аситенција придонесе за првиот гол на мечот. Откако ја надигра одбраната на Бара во 29 минутга, му подаде на Зиелински кој погоди за италијанскиот тим.

Предноста на Наполи траеше до 59. минута кога по асистенција од ВАР, судијата покажа пенал поради игра со рака на Жесус во шеснаесетникот на Наполи. Феран Торес погоди од белата точка за 1-1.

Scroll to Top