(Видео) Фудбалерот на Данска, Кристијан Ериксен колабираше на теренот, докторите го оживуваат, соиграчите во паника

Фудбалерот на Данска, Кристијан Ериксен (29) колабираше за време на првиот натпревар против Финска на Европското првенство.

Играчот на Интер падна на теренот по што веднаш дотрчаа лекари и се обидуваа десетина минути да го вратат во живот.

Сите репрезентативци на Данска го опкружија, а на крајот Ериксен беше беше изнесен на носилка од теренот. Се уште не се знае за неговата состојба.

Мечот меѓу Данска и Финска е во прекин.

 

 

Scroll to Top