(Видео) Ги посрамоти сите во клубот Вотфорд затоа што објавил видео со секс

Венецуелскиот интернационалец и член на англискиот клуб Вотфорд, Адалберт Пенјаради, се соочува со отказ од клубот затоа што објавил видеоснимка од една секс-журка на плажа.

„Сан“ јавува дека Вотфорд отворил истрага против ваквото недолично однесување и набргу се очекува тој да добие шут карта од клубот.

Кога пред четири години Пенјаради пристигна од Удинезе во премиерлигашот Вотфорд, од англискиот клуб мислеле дека направиле одлична зделка.

Четири години подоцна, Вотфорд испадна од Премир лигата, а Пенјард е на чекор да биде исфрлен од клубот и тоа не затоа што направил некаква фудбалска грешка.

Во таборот на Вотфорд минуваат низ турбулентен период откако клубот испадна од Премиер лигата, а раководството на две кола пред крајот на сезоната одлучи да му врачи отказ на човекот што ги издигна од пепелта, Најџел Пирсон.

Scroll to Top