Денеска навршува годишнина од волејот на Зинедин Зидан, со кој Реал Мадрид стана европски шампион во 2002 година. Погодокот на Зидан беше клучен во победата на „кралскиот клуб“, во натпреварот против Баер Леверкузен.
Реал поведе на овој натпревар преку Раул во осмата минута. Германците израмнија пет минути подоцна, преку Бразилецот Лусио, кој осум години подоцна ќе ја освои Лига на шампиони со Интер. На крајот од првото полувреме, велемајсторот Зизу, повторно го донесе својот тим во предност, со неверојатниот волеј.
Неговиот соиграч Роберто Карлос, му нафрли по левата страна. Се чинеше дека нема да има ништо од акцијата, откако Карлос нафрли, а топката заврши високо во воздух. Но, Германците направија кардинална грешка, оставајќи го Зидан сам. Французинот ја начека и со неверојатен волеј, погоди за водство.
За Левергузен тогаш играа фудбалските великани како Балак, Лусио, Бербатов, Рамелов, Невил и други, додека Реал Мадрид ги имаше Фиго, Раул, Роберто Карлос, Јеро, Макелеле, Солари, Мекманаман, Мориентес и се разбира Зидан.