(Видео) Дадоа гол за победа на крајот од натпреварот, па откако судијата им го поништи во следната акција примија и загубија

Спектакуларен натпревар одиграат нисколигашите Хуракан и Баракас во Аргентина. На крајот од натпреварот фудбалерите дадоа два гола од кои едниот беше поништен по грешка на голманот.

До 88 минута натпреварот беше 1:1, а домаќините успеаа да дадат гол и да се радуваат само неколку секунди. Судијата им го поништи голот откако преку Вар виде дека нивниот голман направил грешка и на почетокот од акцијата излегол од шеснаесетникот со топката во раце.

Неколку моменти потоа гостите успеаа да дојдат во водство со гол од слободен удар и да се радуваат на победата и конечни 2:1 за Баракас.

Scroll to Top