(Видео) Ѓоковиќ го предизвика Леброн Џејмс на партија баскет

Новак Ѓоковиќ на „Твитер“ објави видео на кое игра кошарка и јавно го предизвика Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, на партија баскет.

„Дали сум спремен за еден на еден“, праша Ѓoковиќ.

Леброн го прифати предизвикот и ја пофали вештината на Новак.

„Мислам дека си спремен за мене. Добро се снајде и по шутот“, му одговори кошаркарот.

Новак во моментов е во Задар, каде настапува на првата „Адрија турнеја“ што ја организира самиот. Тој завчера, пред почетокот на турнирот, се запозна со мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка. Таа на средбата му подари дрес од кошаркарската легенда, а Новак неа ѝ подари рекет.

Мајка на Дражен: Кога го гледам Новак како да го гледам син ми

Scroll to Top