(Видео) Граѓаните во Буенос Аирес се степаа на збогувањето со Марадона

Во Буенос Аирес во тек е последното збогување на нацијата од Диего Армандо Марадона, а река луѓе дојдоа да се простат од популарниот Ел Пибе.

Ковчегот на Марадона е изложен во претседателскиот палата и во следните 48 часа Аргентинците ќе може да се збогуваат со него.

Збогувањето со Марадона почна во 12 часот, а голем број луѓе се собраа со часови порано за да добијат шанса да го поздрават фудбалскиот бог, но сепак се случи и инцидент кога некои од граѓаните се степаа со полицијата во обид да ја пробијат оградата.

И обезбедувањето пред ковчегот имаше проблеми зашто некои сакаа да се приближат, но тоа не им е дозволено.

Scroll to Top