Најдобриот фудбалер на Англија и Тотенхем, Хари Кејн, ќе стане татко третпат. Тој и неговата сопруга имаат две ќерки, а сега ќе добијат и син. Радосната вест ја споделија со другите на оригинален начин.
Познатиот пеналџија Кејн мораше да погоди од пенал за да го открие полот на бебето. Неговата сопруга закачи балон на пречката, кој Кејн требаше да го погоди. Целиот настан го следеле нивните роднини и пријатели преку апликацијата „Зум“.
Кога го погоди балонот, во воздухот се растури син прав, што претставуваше знак дека Кејн ќе добие син.