(Видео) Играч на Црвена Звезда направи скандал на аеродром

Фудбалерот на Црвена Звезда Гуелор Канга направи скандал на аеродром кога неговиот клуб се враќаше од Словачка од гостувањето кај Слован Либерец во Лигата на Европа.

Канга е снимен од безбедносните камери како се расправа со претставник на царинската служба, кога сакаше да го спречи царнискиот службеник да му го прегледа куферот.

Не е познато што го натерало фудбалерот на Звезда на вакво однесување, но клубот може строго да го казни затоа што надзорната камера сними се , а видеото стана хит на социјалните мрежи.

Scroll to Top