Македонија го одигра првиот подготвителен натпревар против Словенија пред Европското првенство. Фудбалерите на Игор Ангеловски не успеајаа да остварат победа (1:1), откако во 97 минута во продолжението, Домен Чрнигој постигна гол и обезбеди реми за гостите.
Хелмас беше стрелец за Македонија во 55. минута. Натпреварот се одигра со публика на трибините на стадионот „Тодор Проески“. По ова следува и тестот против Казахстан пред дебито на првото големо натпреварување на ЕП за македонската репрезентација.
Ангеловски по мечот им се заблагодари на публиката за поддршката и рече дека единствено што жали е што фудбалерите не успеаа да прослават со победа.
„На следниот дуел ќе имаме шанса да ги коригираме сите недостасоци, затоа што на ЕП нема да имаме право на грешка“, рече Ангеловски по мечот.
Eljif Elmas’dan Mükemmel Gol 🔥 pic.twitter.com/YdXmXA0LDo
— Simon Kjaer (@fenerli_simon) June 1, 2021