(ВИДЕО) Мексико го отвори Мундијалот со победа: Кињонес го постигна првиот гол на СП 2026

Репрезентацијата на Мексико успешно го отвори 23-тото Светско првенство во фудбал, откако пред своите навивачи на легендарниот стадион „Ацтека“ славеше со 2:0 против Јужна Африка во првиот натпревар од шампионатот.

Домаќините уште од самиот почеток покажаа дека се решени да стигнат до трите бода, а првиот гол на Светското првенство 2026 падна уште во деветтата минута. По голема грешка на одбраната на Јужна Африка, Мексиканците ја одзедоа топката во опасната зона, а напаѓачот Хулијан Кињонес сигурно ја испрати во мрежата за водство од 1:0.

Интересно е што Кињонес е роден во Колумбија, но настапува за мексиканската репрезентација, а неговиот погодок по осум минути и 30 секунди игра ќе остане запишан како прв гол на Мундијалот 2026.

Јужна Африка се обиде да одговори, но работите дополнително се искомплицираа веднаш по почетокот на второто полувреме. Во 47. минута Ситоле заработи директен црвен картон, оставајќи ја својата селекција со играч помалку во клучен дел од натпреварот.

Мексико ја искористи бројчаната предност и целосно ја презеде контролата на теренот. Потврдата на победата пристигна во 67. минута кога искусниот напаѓач Раул Хименес најдобро се снајде во шеснаесетникот и со прецизен удар со глава ја затресе мрежата за конечни 2:0.

Финишот на натпреварот донесе дополнителни возбудувања и нови исклучувања. Во завршницата втор црвен картон доби репрезентативецот на Јужна Африка, Зване, па африканската селекција мечот го заврши со само девет играчи на теренот. Во судиското продолжение, поточно во 95. минута, црвен картон заработи и мексиканскиот дефанзивец Сезар Монтес.

Со оваа победа Мексико ги освои првите три бода на домашен терен и направи важен чекор кон пласман во нокаут-фазата на турнирот.

Во рамките на истата група, вториот натпревар се игр

а во текот на ноќта, кога силите ќе ги одмерат репрезентациите на Јужна Кореја и Чешка.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Scroll to Top