(Видео) Момче џонглираше 200 пати во чест на Лука Модриќ

Лука Модриќ (35) ја освои Ла Лига во четвртокот, а во петокот на социјалните мрежи деветгодишно момче од Индија објави видео со кое му оддаде почест на Хрватот.

Во чест на Модриќ, момчето џонглираше со топката 200 пати. Тој вели дека хрватскиот капитен му е негов идол. На социјалните мрежи многумина пишуваат дека детето е вистински пример за тоа колку фудбалот може да ги поврзе и инспирира луѓето во целиот свет.

Видеото кое трае околу две минути, брзо се рашири по социјалните мрежи. Истото го објавил пријател на неговиот татко и напишал дека се надева дека и самиот Модриќ ќе го види.

„Синот на мојот пријател го прослави својот 9-ти роденден и успеа 200 пати да џонглира со топката. Овој подвиг тој му го посвети на неговиот идол Лука Модриќ и се надеваме дека видеото ќе го види и тој“, стои во коментарот на „Твитер“.

Модриќ до ден денес игра на нивото на кое беше и во 2018 година, кога ја освои „Златната топка“ и кога неговата репрезентација заврши на второто место.
Scroll to Top