(Видео) Момент од мечот со Шахтјор поради кој цел свет им се смее на фудбалерите на Реал Мадрид

Реал Мадрид по вторпат доживеа пораз од Шахтјор во Лигата на шампиони со 2:0, по што неговиот пласман во понатамошната фаза сега е доведен во прашање.

Она што ќе остане запаметено од овој натпревар е моментот кога „кралскиот клуб“ го прими првиот гол, кога добар дел од играчите во бел дрес беа премногу блиску еден до друг. Некои од медиумите пренесуваат дека тие биле толку блиску, што можеле да се фатат за раце.

„Модриќ, Крос, Родриго, Начо и Одегард беа збиени на исто место и можеа да се фатат за раце толку што беа блиску еден до друг“, коментираат на социјалните мрежи.

Оваа сцена стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Навивачите на Реал се бесни, одбраната направила многу недозволиви грешки на мечот во Украина, но сцената која е видена по првиот гол на домашниот тим ја обиколи целата планета.

Шахтјор поведе преку контра, по изведениот корнер на Реал. Топката брзо беше префрлена во казнениот простор на гостите, а одбраната реагираше катастрофално. Дентињо успеа да го совлада голманот на Реал.

Scroll to Top