(Видео) Можел да ужива во славата на Роналдо, но завршил во затвор поради трговија со дрога

Додека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ужива во светската слава, неговиот сонародник Фабио Паим заврши во затвор заради продавање дрога.

Некогаш големата португалска надеж Фабио, за кого и самиот Роналдо велел дека е подобар од него, ја немаше среќата да ужива во славата како неговиот сонародник.

Палм беше еден од најталентираните португалски фудбалери.

„Ако мислите дека сум добар, почекајте да го видите Паим“, изјавил Роналдо кога стигна од Спортинг во Манчестер јунајтед.

Роналдо денес, според многумина, е најдобриот фудбалер во светот, додека Паим остана обичен дилер на дрога.

Британскиот весник „Сан“ неодамна објави дека Паим заедно со една жена биле уапсени, откако полицијата им ги прислушкувала телефоните и откриле дека разговараат за трговија со дрога.

За време на претресот на неговата куќа биле запленети 12 грама кокаин и автомобил „бе-ем-ве“. Паим ги минал сите помлади категории на репрезентации во Португалија, одиграл 42 натпревари за младинската селекција, но никогаш не успеал да дебатира во А тимот.

Во 2008 година од Спортинг Лисабон замина четири месеци на позајмица во Челзи, но не успеа да се наметне кај тогашниот тренер. Остана во Спортинг до 2010 година, а потоа се пресели во клубовите во пониските лиги. Играл и во Катар, Луксембург и на Малта.

„Кога денес би морал да ја повторам мојата приказна, би бил потрпелив. Во тоа време колку имав повеќе слободно време, толку повеќе се глупирав“, признал Паим во едно од своите интервјуа.

Scroll to Top