(Видео) Мурињо сакаше да се тепа со судијата кој му покажа црвен картон

Тренерот на Рома Жозе Мурињо, сакаше да се тепа со судијата на крајот од натпреварот во италијанското првенство меѓу Рома и Верона кој заврши со 2:2. Мурињо на овој натпревари доби црвен картон откако го обвини судијата дека некој му се јавил за да му каже како да суди.

Португалецот му гестикулираше на главниот судија Лука Паирето, дека некој му се јавил пред мечот. Мурињо потсети на Калчополи, скандалот од 2006 година кога полицијата откри наместени натпревари во Серија А и Серија Б.

Тогаш на крајот беа казнети Јувентус, Милан, Фиорентина, Лацио и Реџина, а еден од судиите кои беше исфрлен од фудбалот беше Перлуиџи Паирето, таткото на Лука.

Перлуиџи во моментов ја извршува функцијата за делегирање на судиите во Серија А, а според она што го пренесоа италијанските медиуми, Мурињо му се налутил и му викал дека намерно Јувентус го има испратено син му да им суди на нив.

Поради неговото однесување сега на Мурињо му се заканува суспензија од три натпревари.

Scroll to Top