(Видео) Надал плаче како мало дете по освоената титула на „УС Опен“

Шпанецот Рафаел Надал со солзи радосници ја прослави победата против Данил Медведев во епското финале на „УС Опен“ со 3:2. Надал стигна до 19 Грен слем титула.

Швајцарецот Роџер Федерер му бега на вечната листа со само една титула, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со три.

Надал не можеше да ги сокрие солзите за време на церемонијата на доделувањето на пехарот, додека на големиот видео бим, одеше кратко видео со сите негови титули.

Scroll to Top