(Видео) Навивач со нож влезе на теренот и им се закануваше на фудбалерите

Навивач со нож влезе на теренот за време на натпреварот меѓу Сао Пауло и Палмеирас, дуел меѓу младинските екипи во Бразил. Судијата бил принуден за момент да го прекине натпреварот.

Навивачот им се закануваше на фудбалерите на Палмеирас, па на помош дојдоа и противничките фудбалери за да го смират.

За среќа, инцидентот заврши без повредени и играта продолжи, а полицијата прави истрага за да открие како навивачот успеал да влезе со нож на стадионот.

Scroll to Top