(Видео) Новак збесна од среќа, скокаше и викаше на цел глас откако Србија се пласираше на Светско

Српските фудбалери синоќа ја прославија победата од 2:1 над Португалија во Лисабон и се пласираа на Светското првенство во Катар следната година. Меѓу оние го следеа натпреварот и навиваа за српската репрезентација беше и светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ.

Иако моментално се наоѓа во Торино, каде што денеска го игра својот прв меч на завршниот Мастерс турнир против Каспер Руд, најдобриот светски тенисер, сепак најде време да го проследи репрезентативниот натпревар и во негов стил да го прослави големиот триумф на Србија.

Познато е дека Новак Ѓоковиќ следи фудбал и дека има бројни пријатели меѓу фудбалерите, а често знае и да се појави на трибините.

Гоќовиќ минатата недела ја освои рекордната 37. Мастерс титула во Париз и постави нов рекорд. Тој победата над Данил Медведев во финалето во Париз ја прослави со синот и ќерката, за која рече дека е првпат на трибините. Тоа беше шеста победа на Новак на овој терен.

Моите деца се мојот најголем успех, кажа Новак Ѓоковиќ откако викендов постави нови рекорди во Париз

Scroll to Top