(Видео) Организаторот на „Златната топка“ сакаше да ја избрка жена му на Меси додека се фотографираа, но фудбалерот не му дозволи

Организаторот на доделувањето на „Златната топка“ за момент сакаше да ја избрка жена му на Лионел Меси, Антонела, додека се фотографираа со децата, но фудбалерот не го дозволи тоа.

Тој ѝ рече да се врати и заедно позираа пред големиот број репортери. Меси на изборот на France Football дојде со сопругата и тројцата синови. Антонела дојде во златен фустан, а синовите носеа исти костими како и Меси.

„Видете ја Антонела. Таа не се облекла како некој што ќе заврши на второто место. Таа дојде тука за да победи“, коментираа фановите на „Твитер.

За потсетување, Меси и Антонела се запознале кога имале само 5 години. Според некои извори, нивната врска ја почнале уште во средното учлиште, а наводно Меси уште кога имал 9 години, сакал таа да му биде жена.

Scroll to Top