(Видео) Победа од 9-0, голови паѓаа и од небо, наместен фудбалски натпревар во Австрија

Незапаметена местенка е забележана во последното коло во втората фудбалска лига во Австрија. Риед и Клагенфурт го делеле првото место на табелата со 61 освоен бод, пред последното коло, а само еден тим можел да оди во Бундеслигата.

Затоа што во последниот меч имаа ист број бодови, се смета гол разликата, а Риед во последното коло на домашен терен, ја наполни мрежата на Флоридсдорфер со девет погодоци, доволно за да влезе во првата лига.

Пред тој натпревар Риед имаше гол разлика од +25, додека  Клагенфурт, кој го пречека Вакер и каде дури шестпати ја тресеа мрежата, имаше гол разлика од +24. Фудбалските експерти велат дека вистински циркус се случувало во последното коло.

Флоридсдорфер на теренот излегол со комбиниран состав, а за време на мечот шанса да играат добиле анонимни тинејџери. Веднаш откако ќе стигнела веста дека Клагенфурт дал гол, Риед експресно постигнувал два.

На теренот, играчите на Флоридсдорфер изгледале незаинтересирано за игра. Клагенфурт убедливо славеше со 6:1, но тоа не беше доволно за пласман во Бундеслигата. Фудбалерите на Риед постигнаа дури девет гола, доволно за да го осигураат првото место.

Овој исход подигна голема прашина во тамошната фудбалска јавност. Клагенфурт е убеден дека натпреварот на Риед бил наместен и бара правда. Се очекува реакција од Фудбалскиот сојуз на Австрија.

Scroll to Top