(Видео) Пред 30 години Југославија стана светски првак со Дражен, Дивац, Кукоч

На денешен ден пред 30 години Југославија стана светски шампион во кошарка. Генерацијата предводена од Душан Ивковиќ го освои златниот медал на Светското првенство во Буенос Аирес, Аргентина. Во репрезентацијата на Југославија играа Дражен Петровиќ, Велимир Перасовиќ, Зоран Чутура, Тони Кукоч, Жарко Паспаљ, Јуриј Здовц, Жељко Обрадовиќ, Радисав Цурчиќ, Владе Дивац, Аријан Комазец, Зоран Јовановиќ и Зоран Савиќ.

Тогашната репрезентација на Југославија во финалето го победи тимот на Советскиот Сојуз со резултат 92-75 и го освои третото светско злато во својата историја.

На патот до финалниот меч кошаркарите имаа победи против Ангола, Венецуела, Бразил, Советскиот Сојуз, Грција, а во полуфиналето ги совладаа Соединетите Американски Држави. Единствен пораз имаа во групната фаза од Порторико.

Кукоч беше прогласен за МВП на турнирот, а заедно со Дивац беше дел во најдобрата екипа на шампионатот. Тоа беше последниот златен медал на Југославија, која набргу се распадна.

Scroll to Top