Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, за време на првиот подготвителен натпревар во новата сезона со Роналд Куман на тренерската клупа, влезе во непријатен дуел со еден од одбранбените фудбалери на второлигашот Химнастик Тарагона, Хавиер Рибелјес.
„Што правиш, идиоту? Ќе престанеш ли да ме клоцаш, серко“, му рекол Меси на Рибелјес.
Меси на првиот натпревар што се одигра во саботата, по трансфер-сагата што се случи во изминатиот период и неговото заминување од Барселона, изгледаше незаинтересирано, без желба за надигрување и нерасположено, пишуваат шпанските медиуми.
Барселона го доби натпреварот со 3:1.
‼️”MESSI me dijo ‘¡Deja de darme patadas, boludo!”.
➡️@ribelles_10, jugador del @NASTICTARRAGONA, con @alexsilvestreSZ. #ChiringuitoMessi pic.twitter.com/dFVYqNgzWp
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 14, 2020