(Видео) Русите не го сакаат Конор МекГрегор, борачот нападнат во Москва

УФЦ борачот Конор МекГрегор деновиве е во Москва каде што најави дека ќе им се врати на борбите. Тој откри дека сака да има реваншот борба со Хабиб Нурмагомедов од Дагестан и се надева дека тој ќе го победи Тони Фергусон, за пак да се сретнат во рингот. И додека тој даваше интервјуа за руските медиуми, беше нападнат од фан на Хабиб.

Фанот од Дагестан го праша МекГрегор зошто ги навредувал сите луѓе од неговиот крај, а не само Хабиб за кој чувствува огромна омраза. Бидејќи Конор потври дека чувствува силна омраза кон сите луѓе што доаѓаат од Дагестан, бесниот фан фрли шише кон УФЦ ѕвездата, но МекГрегор успеа да се тргне за шишето да не го погоди.

Scroll to Top