(Видео) Само Елмас знае како со народно да ги расположи соиграчите на Наполи во соблекувална

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас објави видео како игра и меша во соблекувалната на Наполи. Го снимал неговиот клупски колега Амир Рахмани, по последната победа во Серија А против Торино. За потсетување, тој од зад грб асистираше за погодокот на Наполи.

Тимот сега е прв во Серија А со 8 победи во 8 натпревари.

Рахмани по мечот рече дека Елмас бил роден само за да игра на свадби. Ова не е првпат тој да се пофали како игра оро. Елмас заигра и по историскиот пласман на Македонија на Европското првенство.

Вчера Наполи ја победи и Легија во Лига Европа со 3:0.

(Видео) Елмас зад грб асистираше за осма рекордна победа на Наполи

Scroll to Top