(Видео) Се урна трибина среде фудбалски натпревар во Индија

Повеќе од 200 луѓе се повредени кога импровизирана монтажна трибина се урна среде фудбалски натпревар во Малапурам, Индија. Иако има многу повредени, нема ниеден починат навивач. Полицијата соопшти дека повредените се примени во неколку различни болници. Од нив пет се со сериозни повреди, но никој не е во животна опасност.

Организаторите по трагичниот настан изјавија дека несреќата се случила затоа што ситуацијата излегла од контрола бидејќи повеќе луѓе од дозволеното дошле да го гледаат натпреварот.

Scroll to Top