(Видео) Синот на Шумахер имаше несреќа во Саудиска Арабија, пренесен е во болница откако му се преполови болидот

Мик Шумахер, синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, вечерва имаше судар на квалификациската трка во Саудиска Арабија. Тој со брзина од 170 километри на час удри во страничниот дел на заштитната ограда на патеката при што отпаднаа две тркала од болидот и тој се преполови.

Лекарите покрај патеката интервенираа брзо и го изнесоа Шумахер со амбулантно возило.

„Слушнавме дека Мик е свесен и моментално на пат кон медицински центар“, напишаа на Твитер организаторите на трката.

Шумахер, кој втора сезона по ред вози во Формула 1, нема да се натпреварува на утрешната трка. За сега нема информации за неговата состојба.

Scroll to Top