Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, вечерва беше пречекан во Белград со огномет и забави. Бројни фанови го пречекаа пред негвиот ресторан во чест на соборувањето на тенискиот рекорд и останувајќи 311 недели на врвот на АТП листата.
Ѓоковиќ ги поздрави и им се заблагодари за честитките.
„Денес е посебен ден за мене, за моето семејство и за Србија. Ви благодарам за успехот, тој не е само мој, туку и ваш и на целата нација. Јас тоа најмногу го сфатив пред десет години. И пред тоа. Но, некако најмногу ме допре она од Белград од 2011 година, по Вимблдон, кога првпат станав број 1. Србија тогаш приреди нешто на што вечно ќе ви бидам благодарен. Затоа чувствувам огромна чест и задоволство што ве претставувам. Знам дека ви ги кинам живците, но се надевам дека уживате во тоа,“ им рече Ноле на насобраните фанови, кои подготвија и мала музичка програма во чест на нивниот идол.
Според најавите, Ѓоковиќ вечерва, по кусата забава и средбата со фановите, ја продолжил прославата во својот ресторан, заедно со членовите на семејството и блиските пријатели.