(Видео) Стотици навивачи со песна го испратија Марадона на итна операција

Неколку стотици обожаватели на славниот фудбалер  Диего Армандо Марадона го испратија својот херој на итна операција. Легендарниот Аргентинец мораше итно да биде опериран поради згрутчување на крвта во мозокот, а неговите сонародници не дозволија Ел Пибе да оди на интервенција во мир и тишина.

Марадона стана национален херој во 1986 година, кога ја донесе титулата светски шампион во Аргентина и откако ѝ донесе победа против Англија во нокаут-фазата за време на жестоките конфликти околу Фокландските Острови.

Диего Марадона ќе биде опериран утрово според наше време.

Scroll to Top