(Видео) Судиите со нова технологија на Светско ќе свират офсајд

By

На престојното Светско првенство во Катар, судиите ќе имаат помош од нова технологоија со која ќе можат полесно да судат офсајд. Станува збор за камери кои ќе бидат поставени на стадионите и кои автоматски ќе цртаат линии, па судиите нема да мораат да трошат време за да се одлучат.

dobivaj vesti na viber

Од ФИФА велат дека со оваа технологија ќе нема простор за грешки. Технологијата во англиското говорно подрачје е позната како “limb-tracking technology”, систем за кој велат дека е чекор поблизу до воведување роботи наместо судии.

Во моментов судиите кога не можат правилно да проценат, добиваат помош од судиите во ВАР собата.

Ќе ви се допадне