(Видео) Судија исклучи голман уште пред да почне натпреварот

Судијата го исклучи голманот на Серо Портено, Жан Фернандеш, уште пред да почне натпреварот против Олимпија. Фернандеш предвреме го напушти теренот во финалето на Суперкупот на Парагвај. Тој беше исклучен откако судијата со помош на ВАР виде што направи на голот.

Додека се загреваше,Фернандеш покажа непристојни гестикулации кон навивачите на Олимпија. Откако судијата ја гледаше снимката, тој доби црвен картон, а на Серо Портено му беше дозволено да стави друг голман и мечот го почнаа со 11 играчи.

Натпреварот потоа се одолжи поради тензии на теренот и трибините.

Scroll to Top