(Видео) Судија му ги собираше забите на фудбалер на теренот

За време на мечот во бразилскиот шампионат, меѓу Атлетико и Коринтијанс, главниот судија во еден момент беше снимен како му ги собира забните навлаки на еден од гостинските фудбалери.

Играчот за врска на Коринтијанс, Отеро, доби силен удар во главата, поточно во вилицата. Во тој момент тој остана без навлаката, која според некои бразилски медиуми, чини околу 1000 евра.

Откако Отеро остана на тревата, судијата Жан Пјер Гонсалвес Лима, ги собра забните навлаки и му ги однесе на делегатот на мечот, како доказ дека старот воопшто не бил наивен.

Мечот на крајот заврши 1:1.

Scroll to Top