Светската куќа на кошарката ФИБА ЕуроБаскет, објави видео од историскиот момент за Македонија, кога Илиевски постигна тројка и го приреди најголемиот успех на Земјата.
Македонија ја победи Литванија и се пласираше во полуфиналето на Европското првенство.
„Најголемото изненадување во историјата на европските првенства? Пред десет години, Македонија и Владо Илиевски ја шокираа Литванија“, пишува во објавата на ФИБА.
Помина една деценија од легендарното „Леле луѓе што направивме“, на Илиевски. Тој со својата постигната тројка и донесе на Македонија водство иако нашата репрезентација губеше со 2 поени разлика. Македонија се пласираеше во полуфиналето, во кое загуби од Шпанија.
Потоа и во битката за бронза беше поразена и од Русија. Четвртото место беше најголемиот успех за македонските кошаркари.