(Видео) Тони Кукоч во Куќата на славните на работ на солзи: Фала ти Пешиќ, Божи, Дуди

Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, Тони Кукоч, беше примен во Куќата на славните. Во неа го внесе неговиот поранешен соиграч и голем пријател, Мајкл Џордан, што беше емотивен момент поради сеќавањата на подвизите кои ги имаа во Чикаго Булс.

Кукоч во Куќата на славните во Спрингфилд влезе од осмиот обид. Булси го номинираа во 2014 година и тој стана петтиот Хрват во друштвото на бесмртните по Крешимир Ќосиќ, Дражен Петровиќ, Мирко Новосел и Дино Раџа.

„Би сакал да им се заблагодарам на господата кој седат овде. Фала ви Мајкл Џордан и Скоти Пипен што не растуривте на Олимписките игри во 1992 година и ме натеравте да работам уште повеќе за да станам важен член на Булс“, рече Тони во говорот.

Кукоч беше на работ да заплаче кога зборуваше за татко му.

„Кога имав осум години, со мојот татко почнав да играм тенис и фудбал. Но, на 15 години ја избрав кошарката. Мојата кариера се дефинира со два тима, два града. Сплит е мојот роден град, тимот е Југопластика и се разбира тука се Чикаго и Чикаго Булс“ рече Кукоч.

„За мене градот Сплит е еден од најголемите спортски градови на светот, произведе некои од најважните спортисти на сите времиња. За мојот развој, од круцијално значење ќе бидат Игор Карковиќ, Петар Безељ, Зоран Грашо. Славко Триниќ беше оној кој ме научи на фундаменталните работи во кошарката, ме разви во добар кошаркар каков што бев. Имав доволно среќа да имам многу големи тренери како што беа Крешмир, Чисиќ, Моку Славниќ. Со два тренери имам освоено сè во Европа, со Божидар Малјковиќ и Жељко Павичевиќ. Сакам да им се заблагодарам на сите поранешни соиграчи кои ме туркаа напред кога бев млад. Секој ден ме туркаа напред да бидам подобар соиграч и човек. Дино Раџа беше еден од нив кој е можеби најпознатиот. И тој е славен тука, но имам љубов и почит за сите кои беа со мене“, рече Кукоч.

Тој се сети и на целата репрезентативна кариера.

„Во мојата интернационална кариера играв само за две земји. Југославија и Хрватска. Имав сјајни успеси со двете селекции. Фала им на моите тренери и репрезентацијата, Русмир Халиловиќ, Светислав Пешиќ, Душан Ивковиќ во Југославија, во Хрватска, фала ви Петар Скансија, Александар Петровиќ, Пино Џерџа. Во репрезентацијата играв со познатите Дражен Петровиќ, Дино Раџа, Владе Дивац, има уште многу великани. Фала им на овие момци, Пипен и Џордан“, рече Кукоч.

Тој им се заблагодари и на Џери Рајнсдорф и Џериј Круас, кој инсистираа да дојде во Булс.

„Веруваа во мене кога тоа не беше вообичаено за неамериканските играчи. Фала му на градот Чикаго, на луѓето кои ме дочекаа како семејство од самиот почеток. Фала им на навивачите на постојаната поддршка, тоа беа незаборавни три години врзани за титулата и работата со најдобрите тренери во историјата на кошарката“, додаде Кукоч.

Тој ги спомена дека сите тренинзи му биле потешки од голем број натпревари, а им се заблагодари и на преостанатите клубови за кои играл, а посебна порака упати и за семејството.

Scroll to Top