Проданоски: Беровци преполни на Томина недела – Верата обедини народ од целиот регион

Томина Недела денеска беше одбележана во прилепското село Беровци, во храмот „Воскресение Христово“, каде заедно со бројни верници се одржа чествување во духот на православната традиција, верата и заедништвото.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на одбележувањето и упати честитки до жителите по повод празникот, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба.

Тој изрази благодарност за топлиот пречек и гостопримството од страна на жителите на Беровци, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на духовните вредности и традицијата.

„За многу години“, порача Проданоски до верниците.

Scroll to Top