(Видео) Трагедија во Индонезија: млад голман почина по судир со противнички играч

Голманот Тауфик Рамсјах од Индонезија синоќа почина на 20 години по судар со противнички играч, пренесуваат медиумите. По ударот тој паднал во кома и веднаш бил префрлен во болница каде починал.

Рамсјах паднал во обид да ја собере топката по една акција на противниците. Напаѓачот со нога го удрил во глава, по што младиот чувар на мрежата паднал во несвест, а потоа во кома.

Во болница му била направена операција, но по два дена починал. Многу тажна и болна вест! Тауфик почина.

„Од дете го сакаше овој спорт и на крај почина на теренот, работејќи го тоа што најдобро го знае. Ни ја остави сета страст и порака за иднината“, објави клубот Торнадо.

Scroll to Top