(Видео) За сличен потег Ѓоковиќ го дисквалификуваа, а Надал не доби ни опомена

Голем број фанови на Новак Ѓоковиќ реагираат на социјалните мрежи, за потегот на Шпанецот Рафаел Надал, со шутирањето на топчето на мечот против Егор Герасимов на Отвореното првенство во Франција.

За сличен потег, Ѓоковиќ беше дисквалификуван на УС Опен, откако несакајќи ја погоди линиската судија. Надал во овој случај не доби ни опомена. Фановите на најдобриот тенисер во светот, прашуваат зошто судијата или супервизорот не реагираа.

Многумина реагираат дека без разлика на тоа што Надал не погодил никого, неговиот потег беше еднакво опасен како оној на Новак Ѓоковиќ и дека било само прашање на среќа што во оваа ситуација не настрада никој.

Рафаел Надал се пласираше во второто коло на турнирот во Франција, по победата на Белорусинот Егор Герасимов со 6:4, 6:4 и 6:2. Шпанецот во второто коло ќе игра против Американецот Мекензи Мекдоналд.

Scroll to Top