(Видео) Жозе Мурињо одби да земе трофеј и им избега на новинарите

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, го одбил трофејот „Златен тапир“, кој го доделуваат луѓето од познатата хумористична емисија Striscia La Notizia.

Тие им го доделуваат овој трофеј на сите тренери што ќе разочараат. Мурињо досега има пет порази со Рома во првите 12 кола во Серија А. Но, специјалниот го одби овој лузерски трофеј и им порача дека не сака да му доаѓаат дома.

„Со вашето доаѓање резултатите требаше да бидат за пукање огномет“, му рече репортерот на Мурињо кога влезе во автомобилот, а потоа му пуштија кратки инсерти од сите порази во првенството и снимка пред 12 години кога им бегал како тренер на Интер. На крајот, се обидоа да му го врачат и преку портирот, но неуспешно.

Scroll to Top