Фудбалерот и македонски репрезентативец Висар Муслиу (27) денеска потпиша договор со германскиот второлигаш Инголштад.
„Многу сум среќен што потпишав за ФК Инголштад 04. Посебно е тоа што ќе играм во Германија. Првите импресии ми се позитивни, едвај чекам да се запознаам со тимот. Ќе го дадам својот максимум“, изјави Муслиу кој веќе го одржа својот прв тренинг со новите соиграчи.
Од клубот му посакаа добредојде на Твитер.
1st training for Visar #Musliu as a #Schanzer ⚫️🔴 Welcome, Visar! pic.twitter.com/lc9Em32RnU
— FC Ingolstadt 04_EN (@Schanzer_EN) January 19, 2022
Стандардниот репрезентативен дефанзивец дојде од редовите на унгарски МОЛ Фехервар за кој настапуваше од 2019 година и на 60 натпревари постигна два гола. Додека за македонската репрезентација досега има остварено 40 настапи.
Инголштад се наоѓа во незавидна позиција. Тој е на последното место на табелата во втората германска лига со 10 бода, седум помалку од 16-пласираниот Сандхаузен кој се наоѓа на позиција која му носи бараж натпревар за опстанок.