Висар Муслиу потпиша со германскиот клуб Инголштад

Фудбалерот и македонски репрезентативец Висар Муслиу (27) денеска потпиша договор со германскиот второлигаш Инголштад.

„Многу сум среќен што потпишав за ФК Инголштад 04. Посебно е тоа што ќе играм во Германија. Првите импресии ми се позитивни, едвај чекам да се запознаам со тимот. Ќе го дадам својот максимум“, изјави Муслиу кој веќе го одржа својот прв тренинг со новите соиграчи.

Од клубот му посакаа добредојде на Твитер.

Стандардниот репрезентативен дефанзивец дојде од редовите на унгарски МОЛ Фехервар за кој настапуваше од 2019 година и на 60 натпревари постигна два гола. Додека за македонската репрезентација досега има остварено 40 настапи.

Инголштад се наоѓа во незавидна позиција. Тој е на последното место на табелата во втората германска лига со 10 бода, седум помалку од 16-пласираниот Сандхаузен кој се наоѓа на позиција која му носи бараж натпревар за опстанок.

Scroll to Top