(Вознемирувачко видео) 16-годишен голман го удри гром на терен

Шеснаесетгодишниот голман на рускиот третолигаш „Знамја труда“, Иван Заборовски, бил удрен од гром за време на тренингот во саботата. Заборовски веднаш бил префрлен во болница.

Тој во моментот се наоѓа на интезивна нега. Неговите соиграчи во тимот за медиумите изразиле надеж дека нивниот другар и пријател бргу ќе закрепне. На социјалните мрежи се појави снимка од моментот кога Заборовски беше удрен од громот.

Додека Иван се загревал покрај шеснаесетникот, во моментот кога тргнал да ја шутне топката, тој беше погоден од громот. Настанот се случил за момент.

Scroll to Top