Загина светскиот шампион во сноубординг Марко Грлиќ додека снимаше реклама

Во тешка несреќа во Австрија загина легендарниот словенечки сноубордер Марко Грлиќ (38), поранешен младински светски првак. Како што објавија словенечките медиуми, Грлиќ загинал додека снимал промотивно видео во ски-центарот Селден.

Грлиќ снимал тежок спуст, по што пропаднал во длабок снег и удрил во карпа, која не се гледала од големата снежна покривка. Бидејќи не носел заштитна кацига, загинал на местото на падот. Спасувачите итно го префрлиле во болница, а лекарите се обиделе да го реанимираат, но не успеале.

Словенецот беше еден од најуспешните сноубордери. Четири пати беше јуниорски светски првак, беше и втор во Светскиот куп, а освојуваше медали на Икс-игрите, по што се повлече и се посвети на промоцијата на овој спорт.

Scroll to Top