Заради девојката или клубот, Кристијан Дисингер останува во “Вардар“

Кристијан Дисингер беше еден од првите што најавија заминување од Вардар поради финансиските проблеми на македонскиот ракометен клуб. Сепак, германскиот бек на крајот ги прифати условите што му беа понудени од новиот претседател Михајло Михајловски, и потпиша  нов едногододишен договор . Тој рекол дека иако можел да замине уште во февруари,  решил да останам и да почека. Според кажувањата, новиот претседател Михајловски успеал да ги  убеди дека се ќе биде во ред. Оние пак кој го познаваат велат дека германскиот интернационалец останал зардаи неговата девојка, Марија Андоновска, сестра-близначка на Душица, свршеницата на Игор Карачиќ. Дисингер пак вели  дека тоа девојката не е причината и сепак верува дек Вардар ќе стане дел од европската елита.

 

Scroll to Top