Затворска казна за тинејџерот што му праќаше расистички закани на Маркус Рашфорд по финалето на Евро 2020

19-годишниот Џастин Ли Прајс од Вустер, доби шестнеделна казна затвор за расистички навреди и закани кон англискиот фудбалер Маркус Рашфорд. Тој почна да му се заканува откако напаѓачот на Манчестер јунајтед го промаши пеналот во финалето на ЕУРО 2020, а Англија загуби Италија на „Вембли“.

Прајс расистичката навреда ја објавил на Твитер. Иако неговиот адвокат тврдеше дека тинејџерот е засрамен од своите постапки, објаснувајќи дека раснел само со неговата мајка и работел неколку часа неделно и имал премногу слободно време.

Лани во септември уште еден човек беше осуден на затворска казна за расистички и навредливи коментари кои на својот Фејсбук ги пишувал против Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака, тројцата репрезентативци кои ги промашија пеналите при поразот на Англија.

Scroll to Top