Алесандра Амбросио ги воодушеви обожавателите: позираше покрај базен во провокативно бикини

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио (44) ги воодушеви обожавателите со својата најнова објава на социјалните мрежи. Таа позираше покрај базенот во провокативно бикини со впечатлив розов дезен и ја покажа својата витка фигура.

Изгледот го надополни со очила за сонце и марама во иста боја како и нејзиниот костим за капење.

Нејзините следбеници брзо ја обсипаа со бројни комплименти. „Совршена“, „Колку е убава“, „Прекрасна си“, „Тие бои ти стојат одлично“, „Најомилениот модел“, „Каква жена“, „Никогаш не старееш“, се само дел од коментарите.

Scroll to Top