Анџелина Џоли има двојничка: прекрасната Турчинка толку многу личи на неа што луѓето не се сигурни за која актерка се работи кога ги гледаат

Турската актерка Дениз Дурмаз има над 370 илјади следбеници на Инстаграм. Многумина ја споредуваат со холивудската ѕвезда Анџелина Џоли поради нејзиниот физички изглед.

Под речиси секое видео и фотографија, следбениците оставаат коментари како „Мислев дека ова е Анџелина Џоли“ и „еј Анџелина“.

Дениз Дурмаз е родена на 20 март 1996 година во Анкара. Глумела во бројни турски сапуници.

Покрај актерството, таа стана и познат инфлуенсер во Турција. Таа со своите следбеници споделува моменти од својот живот, кулинарски и совети за шминкање.

Scroll to Top