Брижит Макрон во шик бела комбинација со штикли што се моден хит оваа сезона

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, на инаугурацијата на францускиот претседател Емануел Макрон се одлучи за бела комбинацијаЗа оваа пригода Брижит се одлучила за едноставна, но многу моќна комбинација во бела боја, која лесно се издвојуваше во толпата, со оглед на тоа што повеќето од присутните ја избраа темната боја. Првата дама остави силен ефектен впечаток со фустан во бела боја со прав крој до колена, во комбинација со кратка јакна со црни копчиња.

Дијамантските обетки само го надополнија нејзиниот изглед, како и модерните бели салоники со метален шпиц и висока потпетица. Овој модел на салонки е многу популарен оваа сезона – класичен е, а сепак поинаков и шик токму поради металниот детаљ, кој им дава посебен шмек.

Брижит ја подигна својата бујна руса коса во ноншалантна ниска пунџа со неколку пуштени прамни и се одлучи за својот вообичаен начин на шминкање – светло розов кармин и темни нијанси на очните капаци. 

Scroll to Top